|
НАЈНОВИ ОГЛАСИ
НУДАМ
Производ:
Репроматеријали - пчеларствоpromo codes for walgreens photo go walgreen photo deals
Локација:
Македонија, Источен
Количина:
200
кг
Посети:
1908
Објавен на:
15.12.2017
|
ПЛАНИРАМ
Производ:
Добиточна храна
Локација:
Македонија, Вардарски
Количина:
3000
кг
Посети:
1347
Објавен на:
15.12.2017
|
ПЛАНИРАМ
Производ:
Ѓубрива
Локација:
Македонија, Скопски
Количина:
5000
л
Посети:
1806
Објавен на:
15.12.2017
|
|
НУДАМ
Производ:
Репроматеријали - пчеларствоpromo codes for walgreens photo go walgreen photo deals
Локација:
Македонија, Источен
Количина:
200
кг
Посети:
689
Објавен на:
15.12.2017
|
|
ПЛАНИРАМ
Производ:
Орев
Локација:
Македонија, Вардарски
Количина:
100
кг
Посети:
1452
Објавен на:
15.12.2017
|
ПЛАНИРАМ
Производ:
Добиточна храна
Локација:
Македонија, Вардарски
Количина:
3000
кг
Посети:
1299
Објавен на:
15.12.2017
|
|
ПЛАНИРАМ
Производ:
Гроздова ракија
Локација:
Македонија, Вардарски
Количина:
500
кг
Посети:
1059
Објавен на:
15.12.2017
|
ПЛАНИРАМ
Производ:
Јаболка
Локација:
Македонија, Источен
Количина:
4000
кг
Посети:
894
Објавен на:
15.12.2017
|
|
ПЛАНИРАМ
Производ:
Компир
Локација:
Македонија, Североисточен
Количина:
2600
кг
Посети:
1385
Објавен на:
15.12.2017
|
ПЛАНИРАМ
Производ:
Каки, Јапонско јаболко
Локација:
Македонија, Скопски
Количина:
100
кг
Посети:
1256
Објавен на:
15.12.2017
|
ПЛАНИРАМ
Производ:
Лубеници
Локација:
Македонија, Југоисточен
Количина:
175000
кг
Посети:
909
Објавен на:
15.12.2017
|
БАРАМ
Производ:
Зелка лисна
Локација:
Македонија, Југоисточен
Количина:
50000
кг
Посети:
1056
Објавен на:
15.12.2017
|
|
|
 | декември 2019 |  |
| |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 |
|
-
|
Поледелствоwalgreen photo coupon codes click coupon code for walgreens photos promo codes for walgreens photo go walgreen photo deals
Декември
Поледелство
Декември е месец на мирување. Доколку сеуште ја немате исчистено површината од растителните остатоци, сега е време да го направите тоа. Се чистат одводните канали, се уништуваат остатоците од плевели во нивата, покрај патиштата и реките.
|
-
|
Сточарство
Декември
Сточарство
Во најстудениот период од годината обезбедете подобро затоплување на шталите. Посветете внимание на хигиената во шталскиот објект. Секојдневно чистете ги животните и просториите во кои се наоѓаат животните. Обрнете внимание на безбедноста на храната, не смее да биде мувлосана или на било каков начин контаминирана. Не се препорачува животните да се појат со студена вода. Кога времето е потопло потребно е просториите да се проветруваат а животните да се пуштаат на отворено. На живината покрај зрнестата храна се препорачува да им се даваат и натопени лисја, луцерка и детелина.
|
-
-
|
Лозарство - винарство
Декември
Винарство
Завршува ферментацијата на брзите црвени вина. Младите и постарите вина се полнат во шишиња. Вината кои се подготвени за зреење и стареење се обработуваат и се префрлаат во одделението за зреење и стареење.
|
-
|
Овоштарство
Овоштарство
Една од најважните мерки кај овошните кутури во овој период е резидбата. Зимската резидба се врши во периодот на мирување на овошките, од опаѓањето на лисјата до почетокот на вегетацијата, а летната во текот на вегетацискиот период, за време на порастот на леторастите. предност и даваат на летната резидба, бидејќи зараснувањето на пресекот е подобро, дрвото е помеко и нема неповолно дејство од ниски температури. Меѓутоа, зимската се смета за главна, а летната за нејзина корекција.
Со резидбата секоја година треба да се заменат 25-30% од родното дрво, но, притоа водејќи сметка да се зачува формата на короната. Со резидбата се отстрануваат сувите и искршени гранки, се проредува короната и повремено се подмладува. Притоа е неопходно да се разликуваат родните (покрупни) од неродните (поситни) папки. Родните содржат зачетоци на цветовите. Треба да се внимава на носивоста на гранките, а треба да се знае дека кај јаболчестите видови се родни двогодишните гранчиња. По потреба се врши и проредување на плодовите, што директно влијае врз квалитетот и големината на плодовите, овошките не се истоштуваат, тие се поотпорни на зимските мразеви, а животниот век и плодоносењето им се подолги.
Зајаците и подземните кучиња причинуваат доста штети во овоштарникот, особено на младите, штотуку засадени овошки. Поради штетите што ги прават, малите глодачи, слични на глувци, треба навреме да се сузбијат. Тоа се прави така што околу овошката се бараат дупките и ходниците на подземните кучиња и во нив се поставуваат отровни мамци. Овоштарите често ја одбираат и механичка заштита на своите насади обмотувајќи ги стеблата со жичано или пластично плетило или со најобични вреќи за компир. Подобар начин е ако стеблата на овошките ги заштитите со помош на надолжно расечени пластични или гумени цевки околу нив, а за тоа добро може да послужи и стара внатрешна автогума.
Чувањето на овошјето во текот на зимата е важна мерка, од која зависи квалитетот и должината на користењето на овошјето. Поголема количина на овошје најдобро се чува во ладилници, додека помалите количини можат да се чуваат и во мали простории. Просторијата во која се чува овошјето претходно треба да се исчисти и вароса, со додаток на 1% син камен во варното млеко. Амбалажата треба да биде чиста и здрава.
Јаболката најчесто се чуваат во сандаци, јаболчари, наредени еден врз друг, подигнати од подот 10-тина см. Крушите се чуваат во холандези, наредени во еден ред, а се редат еден врз друг, од причина што крушите се поосетливи на скапување, па е потребно проветрување на просторијата. Скапаните плодови се отстрануваат, за да не се инфицираат здравите. Најдобро е сандаците и холандезите да се обложат со перфорирана хартија. На тој начин плодовите помалку се набиваат при допир со амбалажата и помалку се скапуваат.
Просторијата каде се чува овошјето повремено се проветрува со отварање на прозорците и вратите. Во есенскиот период, проветрувањето се врши навечер, за да влезе ладен воздух и на тој начин температурата во просторијата се снижува, со што се овозможува подолго зачувување на плодовите
|
-
|
Пчеларство
Декември
Пчеларство
Ако пчелното семејство добро сме го припремиле за зимување и добро зазимиле, тогаш во месецот декември немаме многу работа на пчеларникот. Но, сепак е потребна редовна контрола на пчелните семејства, за да се знае секогаш како пчелите зимуваат и да не настанат некакви проблеми, кои би го пореметиле нивниот нормален живот. Мир во пчеларникот е најважната работа во овој период!
Потребно е почест преглед на полеталото на кошницата, за да не дојде до нивно затварање поради снегот, ледот и мртвите пчели. Летото на кошницата во зима има извонредна важна функција во поглед на вентилација и повремено полетување на пчелите за прочистување, кога тоа го овозможуваат временските услови. Затоа летото треба секогаш да се одржува чисто. Посебно внимание треба да се посвети на тоа да не дојде до вознемирување на пчелите, зошто на најмало вознемирување може да дојде до голема штета.
Ако привремено не сме ставиле чешли на летото, во кошницата може да влезат и глувци па да се хранат со мед и да ги вознемируваат пчелите. Во овој времеснки период пчелите се во клубе и не се во состојба да се борат со глувците. Заради тоа чешлите на летото треба задолжително да се стават.
Доколку нешто е сомнително во пчелните семејства, во услови на надворешна темепратура од 5 - 10 C°, потребно е на брзина да се направи преглед. Во месец декември треба да се среди и дополни пчеларскиот прибор и опрема за наредната сезона.
walgreen photo coupon codes click coupon code for walgreens photos
|
|
|